Кириленко: Две лица погинаа во руски ракетен напад врз станбена зграда во Краматорск
Руска ракета доцна синоќа уништи станбена зграда во источниот украински град Краматорск, а во нападот загинаа најмалку две лица, додека седум се повредени, изјави регионалниот гувернер Павло Кириленко.
„Спасувачите, полицијата и комуналните служби работат на местото на нападот за да ги проверат урнатините на уништената зграда. Веројатно се уште има луѓе под неа“, напиша Кириленко на Телеграм.
Во руски ракетан напшад минатиот месец , исто така, врз станбена зграда во источниот град Дњепар загинаа најмалку 44 лица
„Ова не е повторување на минатото, тоа е секојдневната реалност на нашата земја - земја со апсолутно зло на своите граници“, напиша претседателот Володимир Зеленски на Телеграм.
Во посебен твит, Зеленски напиша дека „единствениот начин да се запре рускиот тероризам е да се победи – со тенкови, борбени авиони, проектили со долг дострел“.
Украина, која минатата недела обезбеди ветувања за борбени тенкови, сака нејзините сојузници да ја снабдуваат со авиони ловци и проектили.
Кириленко објави слика на која се гледа четирикатница која претрпела големи оштетувања.
Украина ги обвинува руските сили за неселективно гранатирање на цивилната инфраструктура, обвинение што Москва рутински го негира.
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја