-->
-->
Китев: И јас и СДСМ сме спремни да гласаме за распуштање на Собранието на 12 април
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2020/february/erutur-249619.jpg?itok=P9KVAgbC)
-И јас како пратеник, но и партијата која ме кандидрала СДСМ сме за тоа парламентот да се распушти на 12 февруари, вели пратеникот на владејчката СДСМ Бетиане Китев по најавите дека опозицијата ќе поднесе предлог за распуштање на собранието. Сепак, тој остава простор како што вели за незначително пролонгирање на распуштањето доколку има изгледи за гласање на Законот за обвинителство и Изборниот законик.
- Би гласал за распуштање на Собранието на 12 феврруари, и мислам дека тоа така треба да биде бидејќи има политички договор од кај претседателот на државата. Партијата која ме кандидирала и ми дала шанса избори, а потоа мандатот го верифицирале и граѓаните нема различен став од мене. Досега нашиот став е дека ќе се распуштиме до 12 февраури, за да може да тече чист изборниот процес без проблеми. Дали во меѓувреме ќе се појави шанса за носење на двете законски решенија па тоа ќе доведе до некое незначително пролонгирање на распуштањето е сосема друго. Доколку е во интерес на сите да се донесе Изборен законик и Закон за обвинителство може да се се стигне и до 12 февраури - вели Китев.
Тој и Ивана Туфегиќ беа единствените пратеници од СДСМ и од Собранието кои денеска имаа средба со претставници на францускотот МНР задолжени за Балканот и земјава. Тема на разговорите била новата методологија за преговори со ЕУ која доаѓа на предлог на Франција, но и Законот за обивнителство. Иако француските дипломати побарале средба само со претставници од власта Китев вели дека тоа не го доживеал како притисок врз СДСМ да попушти во однос на Законот за обвинителство.
- Претставниците на француско МНР можат да ни кажат кое би било излезено решение за Законот за обвинителство, но тие не можат да ја опреземат улогата на политичките партии. Одговорноста е кај сите, секогаш кај власта е поголема, но во овој случај кога опозицијата е кочницата треба да ја преземат одговорноста и до распуштање на Собранието да се најде заеднички јазик - вели Китев.
Катерина Нешкова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен 36-годишник од Радовиш, се обидел да изврши тешка кражба
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде апсолутен победник на локалните избори
-
На Санторини без поголем земјотрес во текот на ноќта, Мицотакис изразува умерен оптимизам
-
Во Србија продолжуваат протестите и блокадите на студентите
-
Приведен малолетник во Центар заради поседување марихуана
-
49-годишен германец уапсен на „Табановце“, во возилото имал, дрога, ножеви и солзавци
-
ЦУК: Во изминатото деноноќие имало 12 пожари на отворено
-
Ретеги постигна четири гола на натпреварот против Верона и е лидер помеѓу стрелците во Серија А