Џет-Сет
13. August 2015 - 13:06

Ќе има ли повторно проблеми: Скарани со години ќе мора да го делат судиското столче

 
Деновиве кружат гласини дека откако Зорица Брунцлик ги напушти Ѕвездите на Гранд, голема е веројатноста да стане дел од Ѕвездите или Ѕвездичките на Пинк. Пејачката и Мирослав Илиќ веќе десетина години се во лоши односи, но тој не се плаши од можното нејзино присуство во жирито на Ѕвездите на Пинк.
 
- Ја прифатив понудата да судам во следната сезона, како и останатата екипа. Во случај Зорица да биде со нас нема да го напуштам натпреварувањето. Нормално е дека ќе се пецкаме, па може дури и да седам до неа, но тоа е шоу. Ние двајца никогаш не се скаравме, само не се сложив со некои од нејзините работи. И го свртев грбот и си заминав, изјави Илиќ.