Ќе ја убијат ако им земе пари, браќа од Врапчиште се заканувале на извршителка
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против двајца браќа од селото Добри Дол во општина Врапчиште кои се товарат дека сториле кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
– Обвинетите, на возраст од 48 и 47 години, на 18 март ја загрозиле сигурноста на службено лице во вршење на службата, упатувајќи сериозна закана дека ќе нападнат врз животот и телото на извршителка од Гостивар. Тие дошле во службените простории на оштетената, која како службено лице презела извршни дејствија во предмет во кој двајцата се јавувале како должници. Откако им појаснила за што станува збор во предметот, тие започнале да и се закануваат дека не смее да им земе ниту еден денар или во спротивно ќе ја убијат. Извршителката настанот го пријавила во полиција, соопшти Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата