-->
-->
Ќе одам во затвор ако се воспостави дека сум виновен - Тони конечно прозборе за агонијата низ која минува
-->

Цетински чека судот да ја утврди неговата вина, а како што вели без оглед на одлуката на судот, по кобната несреќа за него повеќе не е исто.
- Кога станува збор за обвинението и нашето правосудство, се ќе се дознае во самиот процес колку навистина се на страната на вистината. Како што реков, како судот одлучи - така и ќе биде. Ако се воспостави дека сум виновен, за својата вина јас ќе одговарам, рекол Цетински и додал.
- Се помирив со своите евентуалните исходи, ќе повторам, како и да помине ова судски, ништо за мене повеќе нема да биде исто по тој кобен датум 3.11. 2017 и на никого не сакам да му се случи такво нешто. Тоа е траума која ќе ја носам до крајот на животот и ситуацијата која често ја сонувам и од која не можам да се извлечам, но нормално не може да се мери со трагедијата на семејството и пријателите на Ибрахим Кевиљан, рекол хрватскиот пејач
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони
-
Костадиновски: Уставниот суд е најнереформирана институција од независноста на Македонија
-
Ако маркетите драстично ги зголемат цените ќе следуваат поригорозни мерки
-
Спречен колапс на македонскиот електросистем за време на велигденските празници
-
Наставниците стравуваат дека ќе останат без работа со новиот закон за основно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?