Македонија
6. October 2022 - 21:17

Ќе постигне ли Македонија договор со ЕУ за помош во снабдување со струја?

Да се зајакне соработката во енергетскиот сектор, но и конкретна помош е она по кое тргна премиерот Ковачевски на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага. За таа цел тој попладнево оствари повеќер средби со свои колеги и странски државници.

Со својот грчки колега Мицотакис, освен завеќе договорената набавка на јагледн од Грција, Ковачевски разговараше и за заедничкиот проект

 „Заедничките енергетски проекти се од значење за Република Северна Македонија како нови извори за снабдување со гас како поеколошки и поевтин енергенс, како и од можноста да стане регионален центар за понатамошен транзит и дистрибуција на гасот на земјите од регионот“, информираат од кабиентот на Ковачевски по средбата со Мицотакис.

Премиерот имаше и средба и со хрватскиот колега, а се сретна и со австрискиот канцелар  Карл Нехамер.

 „Премиерот Ковачевски истакна дека Северна Македонија е целосно подготвена за процесот на скрининг што ни претстои и дека се очекува полноправно членство во Европската Унија до 2030 година“, информираат од Владата за оваа средба.

Претходно Ковачевски се сретна и со францускиот претседател Макрон од кој доби уште една потврда на француската поддршка на евроинтеграциот процес. Македонија го зајакна договорот со Украина за олеснета и бесцаринскла трговија и снабдување со храна.

Енергетската  криза ја обедини Европа надвор од границите на Унијата.  Целта е да се зајакне соработката, а не да се замени европското семејство, беше првата порака која  денеска беше испратена од Прага.

Од состанокот се очекуваат заклучоци, кои утре Европската комисија ќе ги преточи и во конректни мерки околу цените на енергенсите.