Македонија
16. March 2017 - 13:51

Ќе се доградува средношколскиот училишен центар „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија

Општина Гевгелија денеска донесе одлука за долгорочно задолжување во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги, со цел да создаде услови за изградба на нови училници во средношколскиот училишен центар „Јосиф Јосифовски“.

Од Светската банка преку Меѓународната банка за обнова и развој на општината ќе и биде одобрен заем во износ од 34,7 милиони денари со кои ќе биде извршена надградба на западното крило на гимназијата во Гевгелија.

Планираниот зафат предвидува надградба на уште два ката со што ќе се обезбедат уште 14 нови училници и други помошни простории кои ќе бидат доволни да почне едносменското работење на гимназијата.