Ќе се градат базени во 14 града низ државата

Ќе се градат 14 пливачки базени, за што се обезбедени средства во износ од 30.000.000 денари, одлучи денеска Владата.
Базени ќе се градат во Штип, Чаир, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Тетово и Кичево, а општините треба да предложат локација и да обезбедат одобрение за градба.
Информацијата за реализација на проектот, како што соопшти владината прес-служба, е усвоена на денешната седница.
– Дополнително, со заклучок на Владата на РСМ, Агенцијата за млади и спорт е задолжена во наредните три години да ги планира и вклучи средствата потребни за реализација на договорот во буџетското барање за 2020, 2021, и 2022 година, а на општинитe Штип, Чаир, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Тетово и Кичево, им препорача да изберат и предложат локација, за која треба дa побараат и обезбедат Одобрение за градба, велат од владината прес-служба.
Ново на Сител
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
