-->
-->
Ќе се гради извиднички музеј во Крива Паланка
-->

На прославата на 56 години од постоењето на извиднички одред „Наум Наумовски – Борче“ Крива Паланка, синоќа, беше најавен нов проект кој ќе го реализираат скаутите, изградба на музеј на извидници.
- Чест ми е на роденденот да најавам нов капитален проект со кој во старите простории на извидничкиот одред ќе се оформи музеј што ќе ги возобнови спомените од 1960 година до денес, од сите активности на извидниците, старешините кои го развивале одредот. Ќе бидат собрани и изложени фотографии, значки, трофеи кои датираат од самото формирање до ден денес, рече Игор Ангеловски старешина на ИО „Н.Н. Борче“.
Проектот ќе се имплементира со финансиска поддршка на USAID.
- Главна цел на одредот е да придонесе за развој на членовите во млади и одговорни личности преку унапредување на нивните психофизички, интелектуални, духовни и општествени можности како поединци и одговорни граѓани, членови на локална, и воопшто на меѓународна заедница, дополни Ангеловски.
Одредот е формиран во далечната 1960 година. -Тогашното здружување беше озваничено на иницијатива на извидниците од Куманово и Скопје. Оттогаш досега организацијата се развива и бележи бројни успеси кои се надевам и во иднина ќе продолжат, рече првиот старешина на одредот Анте Христов.
Јованче Маџовски, поранешен старешина, рече дека одредот е извор светлина, сонце на младата популација и патоказ на патриотизмот во Македонија.
На прославата по повод 56 години од формирањето на ИО „Н.Н.Борче“ беа доделени и благодарници на соработниците од приватниот и јавниот сектор во општината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен
-

Клековски: Бројот на прегледи во Гостивар се намалува, засега нема нови зарази
-

Невреме ги зафати Скопје и Куманово
-

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
-

Обвинителството бара притвор за осомничените од гостиварски „Комуналец“, се соочуваат со најмалку четири години затвор
-

Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани
-

„Зајакнете ја врската со татковината“ – Грција нуди државјанство за македонски граѓани со грчко потекло
-

Кривична за 75-годишен маж за предизвикување пожар
