-->
-->
Ќе се менуваат азбестно-цементни цевки во Крива Паланка
-->
Со средства од Европска банка за обнова и развој ќе се врши замена на азбестно-цементните цевки на подрачјето на општина Крива Паланка.
-Станува збор за замена на 2,8 километри водоводна мрежа од азбестни цевки, Пректот е насловен „Реконструкција на градската водоводна мрежа“ кој веќе е одобрен, тендерската постапка ќе отпочне во Министерството за транспорт и врски преку кое аплициравме, информира градоначалникотна Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Проектот, рече тој, ќе придонесе и за подобра состојба во водоводниот систем на подрачјето на општината бидејќи, како што истакна, поради дотраеноста на постојните цевки доаѓа и до одредени загуби на вода.
-Со овој проект ќе се надоплни реконструкцијата на водоводниот систем во градот, а очекувам тоа да се реализира до крајот на летото. Како градоначалник сум многу задоволен, ова е втор клучен проект кој ќе се реализира во општината во водоснабдителниот систем, покрај првиот кој финишира, „Водоснабдување висока зона -лев брег“. Со ова конечно ќе биде симнато од дневен ред прашањето за замена на азбестни цевки во нашата општина , додаде Алексовски.
Двата проекти се реализираат преку Министерството за транспорт и врски со Европската банка за обнова и развој. Проектот „Водоснабдување на лев брег, Крива Паланка – висока зона“ се реализираше со финансии од 23 милиони денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец