Ќе се отвори Центар за ран детски развој во кумановско Черкезе
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и претставникот од УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс, денеска потпишаа Меморандум за соработка за изградба на центар за ран детски развој во основното училиште „Јероним Де Рада“ во кумановското село Черкезе.
Центарот ќе биде лоциран во дел од училиштето, кој ќе се адаптира за таа намена и ќе опфати 60 деца на предучилишна возраст. Според Димитриевски, ова е добра можност да се опфатат деца на возраст од три до шест години во предучилишно образование, имајќи го предвид надминатиот капацитет на детските градинки во Куманово.
- Заедно со нашите партнери се наоѓа начин како на оваа категорија деца да им излезе во пресрет и им се даде можност за предучилишно образование, рече Димитриевски.
Инвестицијата, појасни е 1,5 милиони денари, а Општината, учествува со 300.000 денари.
Претставникот од УНИЦЕФ, Перкс, посочи дека истражувањата во последниве 20-30 години, покажуваат дека најплодоносниот период за развојот на човечкиот мозок се првите неколку години од животот, кога децата го усвојуваат јазикот, кога почнуваат да одат на училиште, кога стекнуваат социјални и емотивни вештини.
- Навистина, треба да се подигне степенот на деца кои што одат во предшколско образование во целата земја. Целта ни е во наредните пет години да го подигнеме процентот од 33 проценти на деца кои што се покриени со предшколско образование на 95 отсто. Сиромашните и руралните деца се оние кои што најретко одат во предшколска установа и токму затоа ја избравме општината Куманово и се надеваме дека ова ќе го прошириме во целата држава и ќе им овозможиме на сите деца да посетуваат предучилишно образование,изјави Перкс.
Директорката на кумановската градинка „Ангел Шајче“, Марина Алексовска појасни дека ова ќе биде трет центар за ран детски развој и оти ќе опфати две групи на деца со кои ќе работи еден воспитувач. Што се однесува, пак до проширувањето на поранешниот „Пионерски Дом“ Куманово, таа информира дека техничкиот прием е направен, и дека треба да се доврши затоплувањето.
- Се надеваме до крајот на годината ова проширување, односно адаптација на Пионерскиот дом ќе заврши и ќе се започне со работа, изјави Алексовска.
Според директорот на „Јероним Де Рада“, Хакик Јахиу, центарот ќе зафати површина од 70 до 80 метри квадратни и ќе има посебен влез на најмладите.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Православните христијани го празнуваат Божиќ, денот на Христовото раѓање
-
Охрид исполнет со туристи за божиќните празници
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Скопје и денеска најзагаден град во светот, премиерот најавува конкретни мерки но потребни ќе бидат повеќе години
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник