Ќе се реконструира спортската сала во ООУ „Невена Георгиева Дуња“
Општина Кисела Вода и УНДП заеднички ќе инвестираат во мерки за енергетска ефикасност на локално ниво, а кое ќе опфати реконструкција на спортската сала во ООУ „Невена Георгиева Дуња“.
Како што информираат од Општината, кровот на оваа сала ќе биде заменет со нов, а енергетски ќе бидат обновени и надворешните ѕидови и фасадната столарија. Со ова, како што наведуваат во соопштението, учениците од ООУ „Невена Георгиева Дуња, освен што наставата ќе ја следат во ново училиште, чија изградба е во тек, и часовите по физичко воспитување ќе ги одржуваат во современи услови.
Oвa е четврт заеднички проект на општина Кисела Вода и УНДП. Во изминатиот период како резултат на заедничката соработка во ПОУ “Кузман Јосифовски Питу” беше заменет системот за греење со енергетски ефикасен, а беше променет и кровот, фасадата и надворешната столарија. Во градинките Пеперутка 1 и Пеперутка 2 во населбата Драчево беше заменет котелот за греење со котел кој загрева со биомаса, a во ООУ “Круме Кепески” целосно беше променета кровната конструкција на објектот. Во соработка со УНДП преку мерката општинско-корисна работа, општина Кисела Вода обучи и ангажираше дефектолози, логопеди и негуватели во основните училишта и јавните детски градинки.
Ново на Сител
-
Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба, денеска протест поради трагедијата
-
Вучиќ предлага референдум: Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот
-
Харис ќе го поддржи Западен Балкан во интеграциите, Трамп вети засилена безбедност во регионот
-
Ахмети: Ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката
-
31 годишник бранејќи се од дива свиња се самозастрелал во штипско
-
Се пренасочува сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце
-
Американците се обложиле во 100 милиони долари на Трамп против Харис
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО-ДПМНЕ