Ќе се унапредува соработката меѓу армиите на Северна Македонија и Хрватска
Можности за унапредување и проширување на билатералната соработка меѓу нашата и хрватската Армија, процесот на трансформација и модернизација на Армијата на Северна Македонија, нејзиниот придонес од учеството во операциите во странство, нејзините ангажмани во поддршка на МВР при справување со мигрантската криза, користење на капацитетите на Армискиот полигон Криволак за вежбовни активности, се дел од темите за кои се зборуваше на денешната средба на високата Воена делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Хрватска, предводена од началникот на Генералштабот на ВС на Република Хрватска, генерал Мирко Шундов и началникот на генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
На средбата, соопштија од Министерството за одбрана, била потенцирана извонредната соработка меѓу двете земји, особено во областа на одбраната, а генералот Шундов упатил честитики за успешно изодениот пат на нашата земја кон членството во НАТО, нудејќи ги искуствата на хрватската Армија на секој понатамошен чекор.
Хрватскиот генерал изразил благодарност за учеството на Армијата на меѓународната воена вежба „Итен одговор“ во Хрватска и упатил пофални зборови за квалитетната селекција на наши кадри, кои се упатуваат на школување во воено образовните центри во Хрватска.
– Шекеринска се заблагодари за брзата ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО и ја оцени како одлична соработката меѓу армиите, во доменот на образованието и заедничкото учество во воени вежби. Генералот Ѓурчиновски изрази благодарност за досегашната поддршка од Вооружените сили на Република Хрватска, која е континуирана и особено значајна како во изминатиот период, така и во периодот кој следува во процесот на нашето интегрирање во НАТО алијансата, информираа од Министерството за одбрана.
Во рамки на посетата посетата делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Република Хрватска, ќе биде примена и од претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
– Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Република Хрватска го посети и полкот за специјални операции, во касарната „Илинден“, каде се одржа брифинг за единицата, методско показна вежба и презентација на дел од средствата со кои единицата располага, а во текот на утрешниот ден ќе оствари посета и на Центарот за обука на пилоти во Петровец, наведоа од Министерството за одбрана.
Ново на Сител
-
Раст на БДП над 4 отсто во следните четири години, целосна реализација на капиталните инвестиции и рационализација на буџетските расходи, бара бизнисот
-
Студентски протести во Нови Сад: Властите треба да се плашат од народот, а не обратно
-
АЕТСМ: 63.5% од интернет корисниците направиле онлајн нарачки во 2024 година
-
Претреси во Скопје, пронајден амфетамин
-
СКСЗМ бара 500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор
-
Во Дебар приведено лице кое се заканувало на вработените во Општата болница
-
Приведен стружанец осомничен за измама
-
„Кликс“: Во тек е акција за приведување на министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ