Живот
28. October 2016 - 20:29

Ќе ви ги стопли срцата: Бебево за првпат го слушна гласот на својата мајка


Осуммесечно дете прво збунето се обидува да сфати што му се случува, а кога конечно сфати дека може да слуша, на својата мајка и ја даде најубавата насмевка.

Ксандер сега има осум месеци, а неговиот живот воопшто не беше лесен. Роден е 9 недели пред терминот, а поради крварење во мозокот го изгуби слухот. Борбата на ова малечко џинче за живот на американскиот Институт за неонатологија траеше повеќе од 2 месеци.

Меѓутоа кога дојде дома, неговата мајка забележа дека не е како сите деца. Не реагирал на звуци. Нејзе долго и требало на лекарите да им докаже дека нејзиниот син не може да слуша. По сите проблеми што им се случиле, ова малечко од Џорџија пред неколку дена доби слушен апарат и за првпат во животот можеше да го слушне гласот на својата мајка.

Во почетокот малку се збуни, а потоа од срце се смееше.