Џет-Сет
22. October 2015 - 10:12

Ќерката на Шон: „Татко ми не е во врска со Мадона, само се другари

Гласините за постоење врска меѓу поранешните сопружници, пејачката Мадона (57) и Шон Пен (55) ги демантираше ќерката на актерот Дилан Пен (24).

- Тие се само добри пријатели и многу ми е мило што имаат така добар однос. Првпат кога ја запознав беше навистина чудно и непријатно да се запознае поранешната љубовница на својот татко, вели Дилан, ќерката на Шон од вториот брак со актерката Робин Рајт (49).

Пен е виден на концертот на Мадона, а неодамна ја прекина свршувачката со Шарлиз Терон. Пејачката и актерот беа во брак во осумдесетите години.