Ракомет
4. January 2017 - 12:33

К.Лазаров: Стручниот штаб сега има појасна слика

Македонската ракометна репрезентација вчера оствари победа во првиот контролен дуел со БиХ пред настапот на СП во Франција. Противникот беше совладан со 28:24, а вечерва и утре вечер ќе бидат одиграни уште два натпревара со истиот ривал во салата во Автокоманда, но од затворен тип (без присуство на публика).

- Постигнавме победа што е добро. Од прикажаната игра стручниот штаб сега има појасна слика за нашата форма. Јас многу пати сум истакнал дека еден натпревар е многу поважен од 100 тренинзи. Како и секогаш јас сум оптимист иако имаме уште многу да работиме бидејќи имаше и добри моменти со Босна, но имаше и грешки кои ќе мораме да ги отстраниме, истакна капитенот Кирил Лазаров.
Македонија на денешениот и утрешниот натпревар против БиХ ќе игра без тројцата младинци: Филип Талески, Марко Нелоски, и Мартин Велковски кои ќе играат во квалификациите за младинската репрезентација на Македонија.