Клебо доби лекарска дозвола за настап на завршницата во Светскиот куп

Најдобриот крос-кантри скијач на денешницата, Норвежанецот Јоханес Клебо, доби дозвола од лекарскиот тим да настапи на завршницата од Светскиот куп во Лејк Плесид.
Настапот на шесткратен олимписки шампион на завршните трки во САД беше доведено во прашање поради повредата на Клебо спринт трката минатата недела во Драмен, кога Клебо претрпе полесни повреди на главата и благ потрес на мозокот.
По неколкудневен одмор, лекарите му дадоа дозвола на 29-годишниот Норвежанец да патува во Лејк Плесид каде од петок до недела ќе се одржат завршните три трки од Светскиот куп во крос – кантри.
„Свесен сум дека нема да бидам оптимално подготвен, со оглед на долгото патување и фактот дека нема да можам веднаш да се приспособам на временската зона. Но, сакам да се натпреварувам на финалето на Светскиот куп. Имам добри спомени од Светското првенство во САД, каде што учествував во минатото, и сакам повторно да се натпреварувам таму“, изјави Клебо за норвешките медиуми.
МИА
Ново на Сител
-

Уставен одлучува за платеното рекламирање по иницијатицата на Левица
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
-

Сиљановска на Самитот на НАТО: Обединета Европа значи посилна Европа
-

Локалитетот „Баргала“ можеби „крие“ постара историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
