Клебо: Сè уште не можам да верувам дека е реално тоа што го направив на СП
Норвешкиот скијач Јоханес Клебо на социјалните мрежи ги искажа своите импресии за триумфот на Светското првенство во 2025 година во Трондхајм.
На Мундијалот, 28-годишниот спортист освои шест златни медали и стана 15-кратен светски шампион.
-Го замислив овој момент милион пати, но сè уште не можам да верувам дека е реален. Освојувањето на шест од шест златни медали на Светското првенство токму овде во Трондхајм, градот во кој пораснав, е повеќе од победа. Ова е сон што го носам со себе многу години. Тренирав за ова, се жртвував за ова, се борев низ сомнеж и болка за ова, напиша Клебо.
Крос-кантри скијачот им се заблагодари на семејството, пријателите, како и на спонзорите и волонтерите, истакнувајќи дека немаше да постигне успех без нивна помош.
На Светското првенство во Трондхајм, Клебо стигна до 18 медал во својата кариера и постави рекорд по бројот на освоени медали. Тој исто така е рекордер и по освоени мундијалски злата – вкупно 15.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари