Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три

Вкупно 15 трансплантации на бубрег се извршени годинава на Универзитетската клиника за урологија, наспроти 11 во текот на цела 2025 година, а до крајот на годината се планирани уште три трансплантации од жив дарител. Ова го истакнал министерот за здравство, Сашо Клековски денеска на Клиниката по посетата на пациентите на кои неодамна им биле трансплантирани бубрези, двајца од починат дарител и еден од жив дарител.
-Најголемата благодарност му ја должиме на семејството на починатиот дарител. Во најтешкиот момент тие донесоа одлука која на двајца наши сограѓани им враќа живот без дијализа. Тоа е чин на исклучителна хуманост, за кој нема доволно зборови. Благодарност и до живиот дарител, кој дел од себе им подари на своите најблиски - посочил Клековски.
При посетата, како што информираат од Министерството за здравство, Клековски бил придружуван од националната координаторка за трансплантација проф. д-р Билјана Кузмановска, директорот на Клиниката за урологија д-р Башким Шабани и директорот на Клиниката за нефрологија д-р Никола Ѓорѓиевски.
Клековски им се заблагодарил и на медицинските тимови од клиниките за урологија и нефрологија, како и на сите вклучени во процесот на координација на дарувањето.
-Секоја трансплантација е резултат на доверба, тимска работа и посветеност. Продолжуваме да ја зајакнуваме мрежата за трансплантација и да ја поттикнуваме свесноста за дарување органи, бидејќи многу пациенти сè уште чекаат на својата шанса, потенцирал Клековски.
Министерството за здравство упатува повик до граѓаните да разговараат со своите најблиски за дарувањето органи, посочувајќи дека изразената волја им ја олеснува одлуката на семејствата во тешки моменти.
МИА
Ново на Сител
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
-

Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди
-

Николоски: Македонија меѓу првите земји со технологија на „Старлинк“, со што третиот мобилен оператор ќе биде поконкурентен
-

Масовни протести во Франција: Речиси 1.000 приведени, судири со полицијата и стотици илјади демонстранти
-

Србија гласа на 15-тите парламентарни избори, излезноста до 9 часот изнесува 12 отсто
-

Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и испиша историја во UFC
-

Мелони: Правото на протест мора секогаш да биде загарантирано, како и безбедноста на граѓаните
