Клинтон: Грешка ќе биде доколку САД забранат прифат на бегалци

Грешка ќе биде доколку САД забранат прифаќање бегалци од Блискиот исток, вклучително и од Сирија, изјави најсериозниот претседателски кандидат меѓу американските демократи, Хилари Клинтон, цитирана од ТАСС.
Според Клинтон, одбивањето да се прифатат бегалци, кои бараат спас од воените конфликти, може да испрати сигнал од кој корист ќе имаат терористите, кои се стремат да посеат раздор меѓу американските власти и муслиманската заедница.
- Не треба да го пренесуваме тој генерално негативен однос кон секој муслиман, повика поранешниот американски државен секретар.
Ваквиот чекор, освен тоа, ќе ги поткопа напорите на американските власти и претставници на законот да ги зацврстат врските со муслиманските заедници во земјата, забележа Клинтон.
Федералните власти, меѓутоа, сепак, должни се најдетално да ги проверуваат бегалците, кои се обидуваат да побараат азил во САД, подвлече таа.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
