-->
-->
Клоп е се поблиску до клупата на Ливерпул
-->

Кој ќе биде новиот тренер на фудбалскиот клуб Ливерпул е темата со која се преокупирани англиските медиуми, кои пренесуваат дека до крајот на неделата ’црвените’ ќе го промовираат Јирген Клоп (48) во наследник на Брендан Роџерс.
Роџерс, по три ипол години, доби отказ во неделата, неколку часа по завршувањето на градското дерби со Евертон (1:1).
Медиумите во Англија пренесуваат дека Клоп изразил желба да ги тренира фудбалерите на Ливерпул и дека преговорите „се движат во вистинска насока“.
Клоп, кариерата ја започна во Мајнц, а во периодот од 2008 до јуни 2015 година беше тренер на Борусија од Дортмунд. Со ’милионерите’, тој успеа две години да ја прекине доминацијата на Баерн освојувајќи две титули (2011, 2012), а во 2013 година стигна и до финалето во Лигата на шампионите каде беше поразен токму од Баерн.
Откако пред крајот на мината сезона најави дека ја напушта Борусија, рече дека ќе земе едногодишен одмор од фудбалот, но можно е одморот да го прекине веќе оваа недела.
„Разговаравме пред неколку недели и ми рече дека би сакал да тренира тим кој не е игра на највисоко ниво и да направи нешто со тој тим. Тоа би можел да биде Ливерпул!? Тоа е клуб кој има историја како и Борусија. Навивачите стојат зад клубот, а тоа Клоп го сака“, рекол поранешниот германски репрезентативец Штефан Ефенберг во разговор за англискиот сервис BBC.
Инаку, Клоп околу можниот трансфер во Ливерпул разговарал со уште еден поранешен германски репрезентативец Дитмар Хаман, кој во текот на својата кариера со успех го носеше црвениот дрес.
Покрај Клоп, медиумите шпекулираа дека во комбинација за нов тренер на Ливерпул е и трофејниот италијански стратег Карло Анчелоти, кој во 2010 година со Челзи ја освои Премиерлигата и ФА купот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кос за бугарски БНТ: Очекуваме Северна Македонија да ги вклучи Бугарите во својот Устав за да се движи напред кон ЕУ
-

ДУИ: Пресудата за водачите на ОВК е првостепена, очекуваме неправдата да биде исправена
-

Во Штавица кај Прилеп започна Балканскиот спелеолошки камп, 150 спелеолози од 15 држави ќе истражуваат 6 пештери
-

Преглед на вестите од светот
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
