-->
-->
Клоп го обвини Путин за состојбите во Челзи
-->
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги поддржа фудбалерите и вработените во Челси по санкциите што беа поставени од страна на британската влада за газдата Роман Абрамович и посочи дека за целата ситуација одговорен е рускиот претседател Владимир Путин.
Британската влада ги замрзна сите имоти на Абрамович во четвртокот посочувајќи го како близок соработник на Путин и со тоа поставувајќи го клубот во многу тешка ситуација – без право да продава билети и спортска опрема, со ограничен буџет за патување и со крајно неизвесна иднина. Клоп вели дека еден човек е одговорен.
„Има само еден човек што навистина е одговорен, а тоа е Владимир Путин. Не знам која е улогата на Роман Абрамович во тие работи. Но, во текот на годините можеше да се види дека е близок со него. Мислам дека британската влада е 100 отсто во право. Не е во ред за луѓето во Челси и за навивачите, го сфаќам тоа, но одлуката е исправна“, вели Клоп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
30 дена од трагедијата во Кочани
-
Продолжува владината посета на ОАЕ
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија
-
Фондацијата Елеуса обезбеди Велигденски пакети за над 200 семејства
-
Преглед на вестите од светот
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди