-->
-->
Клоп: Нема потреба да се плашам од оставка
-->
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, одговори на прашањето за евентуален отказ од клубот.
-Нема потреба да се плашам од оставка. Јас сум тука за да бидам корисен. Не сум тука како талисман или нешто друго. Си знам во целост која е мојата задача. Исто така ми е јасно дека сè уште сум тука поради она што се случи во изминатите неколку години - не ми се допаѓа овој факт, но во голема мера морам да се потпрам на него. Точно или не, ќе дознаеме во иднина, изјави Клоп за „Дејли мејл“.
Педесет и петгодишниот фудбалер е на чело на Ливерпул од 2015 година. Договорот со клубот од „Енфилд“ му е до 2026 година.
Ливерпул е осми во Премиер лигата со 42 бода од 27 натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
-

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6
-

Македонија со рекордна делегација од 130 учесници на Медитеранските игри Таранто 2026
-

Претреси во Велес и велешко, пронајдени оружје и муниција, уапсени две лица
-

Портпаролката на грчко МНР за ЕЕС системот: Не постои простор за отстапување од основните принципи на европската регулатива
-

Уапсен Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на ФФМ
-

Николоски: За 5 години брза железница Скопје–Солун за 1 час и 25 минути и Скопје-Белград за 2 часа и 30 минути
