Книга илустрирани афоризми „Будење на петелот“ промовирана во Кочани
Книгата ислустрирани афоризми насловена „Будење на петелот“ беше промовирана синоќа во Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани, во организација на Здружението на граѓани „Афористичка репрезентација на Македонија“.
- Се работи за збирка на афоризми во која се содржани 300 илустрирани афоризми од поголем број на автори од повеке држави од Балканот и од Русија. Изборот на афоризмите го направи нашиот познат афористичар Миле Горгиоски, а ги илустрираше Миро Георгиевски, истакна Јане Атанасов, претседател на „Афористичката репрезентација на Македонија“ и воедно промотор на книгата.
Збирката илустрирани афоризми „Будење на петелот“ е прва од ваков вид во Македонија и излезе во издание на Издавачката куќа „Орион“. За наредните месеци се најавува втор дел од оваа едиција на илустриран афоризам на автори од Балканот во издание на „Афористичката репрезентација на Македонија“.
Ново на Сител
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот