„Книговодителот од Аушвиц“ сепак оди во затвор
Германскиот Уставен суд денеска реши дека 96-годишниот Оскар Гренинг, познат под прекарот „книговодителот од Аушвиц“, сепак ќе мора да ја отслужи казната затвор од четири години и покрај поодминатата возраст.
Гренинг во 2015 година беше осуден на четиригодишна затворска казна под обвинение за учество во убиството на 300.000 лица во нацистичкиот концентрационен логор „Аушвиц“.
Адвокатите на Гренинг бараа тој да биде ослобден од отслужување на казната затвор поради поодминатата возраст и физичката состојба, нагласувајќи дека пресудата „го прекршува неговото право на живот“.
Уставниот суд на Германија ги отфрли ваквите образложенија на одбраната, оценувајќи дека е значајно тој да биде казнет, имајќи ја предвид тежимата на злосторставта за кои е осуден.
Пресудата на Уставниот суд е конечна и одбраната нема право на нејзино обжалување. Сепак, Гренинг би можел да биде ослободен од затвор, доколку неговата здравствена состојба се влоши.
Гренинг како офицер на СС во текот на Втората светска војна во „Аушвиц“ бил ангажиран да ги брои парите одземени од лицата што завршиле во логорот.
Ново на Сител
-

Ставен во употреба новиот АТМ систем на меѓународниот аеродром Скопје
-

Пецаков: Ова лето застапеност на туристи кои ретко доаѓале во Охрид
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
