Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
Во петок, 18 септември 2026 година, во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје ќе се одржи книжевен портрет посветен на македонскиот писател, сатиричар и афористичар Атанас Крлевски.
Промотори на настанот ќе бидат проф. д-р Елизабета Бандиловска, проф. д-р Ана Витанова Ригачева и Лили Арсова.
Атанас Крлевски е роден во 1956 година во Ташкент, а од 1959 година живее во Велес. Со поетско творештво се занимава уште од школските години, додека со сатира започнува во 1977 година. Во своето творештво е особено препознатлив како афористичар, а пишува и сатирични текстови, хуморески и епиграми.
Автор е на 11 книги со афоризми и е активен член на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во Велес. Неговите дела се застапени во повеќе антологии на македонскиот, балканскиот и европскиот афоризам, а е преведуван и на повеќе балкански јазици, руски и англиски.
Крлевски е добитник на повеќе награди и признанија, меѓу кои наградата „9 Ноември“ на Општина Велес за придонес во сатирата и нејзината афирмација, како и литературната награда „Коле Неделковски“ во 2023 година.
Ново на Сител
-

Девет лица уапсени под сомнение за воени злосторства на север во Косово
-

OpenAI ја прекинува работата на најнапредните модели на вештачка интелигенција поради безбедносен пропуст
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, температура од 6 до 23 Целзиусови степени
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
-

Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми
-

13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром, заврши во болница
-

Ужас во Тетово: 62-годишник силувал дете кое не наполнило 15 години
