Книжевно пладне по повод 30 години од смртта на Живко Чинго
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје по повод 30 години од смртта на големиот македонски писател Живко Чинго организира Книжевно пладне. Чествувањето ќе се одржи во спомен - собата на Миладиновци во Библиотеката. За делото на Чинго ќе зборува проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, а делови од неговото творештво ќе интерпретира актерот Томе Витанов.
Живко Чинго (1935-1987) е еден од најпознатите раскажувачи, романсиери и драмски автори во македонската книжевност. Негови значајни остварувања се збирките раскази Пасквелија, Нова Пасквелија, Пожар, Вљубениот дух, Накусо, Гроб за душата, Бунило, романот за деца Сребрените снегови, романите Големата вода и Бабаџан и драмите Образов, Ѕидот, водата, Кенгурски скок и Макавејските празници. Преведен е на повеќе јазици и добитник е на најважните книжевни награди.
За неговото дело академик Георги Старделов ќе напише: ...Светот на Живко Чинго е чудесната земја Пасквелија (според селото Пасквел, некаде покрај езерото), колку имагинарна, толку и сурово стварна. Неговата проза, всушност ги открива големите тектонски пореметувања во животот на луѓето. ... Раскажувачкиот свет на Чинго е опседнат од една драматична револуционерна тематика на нашето живеење, откривајќи ни во него бурни, преломни и потресни настани...
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари