Книжевно пладне посветено на Лилјана Пандева
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје организира Книжевно пладне посветено на Лилјана Пандева, добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија за 2016 година.
Пандева ја доби наградата за романот „Доилката“. За нејзиното творештво ќе зборува Гоце Ристовски.
Лилјана Пандева е родена во 1964 година. Таа е дипломиран професор по литература и македонски јазик и магистер по филолошки науки. Пишува проза и поезија. Автор е на драмолетите за деца „Новогодишни едночинки“, романите „Од агендата на Калина Калин“, „Возовите на Луцерн“ и „Доилката“, на книгата раскази „Канцелариски колумни“ и поетската книга „Љубов од А до Ш и обратно“.
- Роман, кој од првата до последна страница ве обзема со раскошна леснотија на читањето, бидејќи приказната што ни ја раскажува Лилјана Пандева, иако ставена во историски рамки и открива непознати детали од македонската историја е возбудлива, полнокрвна, поетична..., пишува литературниот критичар Славе Ѓорго Димоски за наградениот роман „Доилката“.
Ново на Сител
-
Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови
-
Пред пратениците следниот месец закон со кој ќе се спречи изградба на катната гаража зад Парламентот, најави Гаши
-
Трамп блокираше помош од 50 милиони долари за кондоми за Хамас
-
ЕК одвои една милијарда евра за проекти за развој на нови одбранбени технологии и капацитети
-
Притвор од осум дена за хирургот од Битола осомничен за земање поткуп
-
Најмалку 30 тела досега се извлечени од Потомак по судирот на авион и хеликоптер кај Вашингтон
-
Европол: Уапсени над 400 лица во борбата против лажни лекови во 30 земји
-
Кошта: Членките на ЕУ и НАТО се подготвени да ги зголемат трошоците за одбрана на над два отсто од БДП