Книжевното творештво на РМ ќе биде претставено на Саем на книгата во Истанбул

Книжевното творештво на Република Македонија со поддршка на Министерството за култура од денеска до 10 ноември од Здружението на албански издавачи во соработка со Сојузот на албански издавачи ќе биде претставено на Саемот на книгата во Истанбул.
На Саемот ќе бидат презентирани вредни публикации, монографии за Македонија, македонската култура и културно наследство, а ќе бидат презентирани дела од најпознатите македонски албански автори, како и дела на автори од другите националности кои живеат во Република Македонија.
Државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехаби вчера на прес-конференција рече дека на Саемот на книгата во Истанбул, Република Македонија ќе се претстави и со еден многу значаен сегмент „Туризам и развој на културниот туризам“ со дистрибуција на брошури и книги кои ќе бидат поделени во рамки на Саемот.
Со посебен печатен рекламен материјал ќе биде презентиран и афирмиран конкурсот на Министерството за култура на Република Македонија за субвенционирање на странски издавачи за превод на квалитетни и репрезентативни дела од македонски автори, кој се уште трае.
На Саемот на книгата во Истанбул, посочи, директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Скендер Асани ќе го претстави неговиот издавачки и креативен опус, како и издавачката дејност на таа институција.
- Министерството за култура во рамки на програмата за 2015 година има многу забележителни активности. Од вкупно 270 книги поддржани во рамки на програмата на Министерството, 74 се на албански јазик, додаде Шехаби.
Претседателот на Здружението на албански издавачи, Азем Даути рече дека за нив е многу битно што ќе докажат дека издавачкиот еснаф во Македонија е сплотен. Истакна дека на Саемот на книгата во Истанбул ќе бидат претставени 500 книги од македонски и албански автори.
Годинава со поддршка на Министерството, Република Македонија учествуваше на меѓународниот Саем на книгата во Франкфурт, а идниот месец ќе се претстави и на Саемот на книгата во Софија.
Ново на Сител
-

Стармер и Трамп со различни позиции за Гренланд, но согласни за одвраќање на Русија на Арктикот
-

Повторени избори за градоначалници: Завршува кампањата, утре гласаат болните, најмногу пријавени во Гостивар 146
-

На ГП Ники (ГП Меџитлија) забрана за движење на товарни возила
-

Променливо облачно време со сончеви периоди
-

Дебарчанец почина откако паднал од зграда каде работел
-

Одрон на автопатот Скопје - Велес, поплави во Крушевско и забрана за камиони на патот Струга – Ќафасан
-

Приведени две Бугарки во Скопје, краделе паричници и банкарски картички, успеале да одземат околу 134,000 денари
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, сите правци проодни
