Коалицијата за промени и правда ги достави кандидатските листи до ДИК

Коалицијата за промени и правда, која ја сочинуваат Демократски сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС И МОРО-РП, до Државната изборна комисија ги достави листите за кандидати за пратеници за шест изборни единици, соопшти попладнево коалицијата.
Во првата ИЕ носител на листата е претседателот на ДС, Павле Трајанов, а во втората, претседателот на ФРОДЕМ Јове Кекеновски. Во третата изборна единица прва на листата е Весна Стоименовска од Демократски сојуз, четвртата Слободан Богоевски којшто, според соопштението од коалицијата, е непартиски кандидат, петтата Александар Делов од ФРОДЕМ, а шестата Бранко Мајсторовски од Моро - РП.
Од Коалицијата за промени и правда информираат дека на листите има кандидати за пратеници од различни професии, социјални структури, но и од повеќе етнички заедници. На листите, истакнуваат има 48 жени.
Ново на Сител
-

Опструкции и влошени пневмонии ја наполнија клиниката Козле – Дневно над 250 прегледи
-

Маските во Вевчани продефилираа во препознатлив дух
-

Не се издавале изградени објекти во ТИРЗ, се склучувале договори без анализи, се исплаќале плати без критериуми
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

Глутница кучиња во скопски Карпош: Граѓаните видно вознемирени - што ќе превземат властите?
-

Тема на денот со Никола Грпчевски, државен советник во Министерство за здравство
-

Унгарски 4 Ај Џи доби лиценца за трет мобилен оператор
