-->
-->
Кочаман: Поразот ни ја отежнува работата
-->
Разочарувачки делува поразот од Вардар за турскиот гигант Фенербахче кој синоќа на националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, загуби од македонскиот првак со 2:0.
Тренерот на Фенербахче, Ајкут Кочаман призна дека неговиот тим направил многу грешки и сето тоа резултираше со заслужена казна, па очекува во реваншот да се поправи сликата од Скопје.
„Убедлив пораз кој ни ја отежува задачата. Премногу мислевме на следниот меч од турското првенство со Трабзонспор. Имавме доста удари кон голот на Вардар, не знам точно веројатно 16-17 и неколку чисти позиции за гол, но сепак загубивме. Вардар имаше п-омалку шанси, но тоа сега не се брои. Мораме добро да се подготвиме психички и пред нашите гледачи да се обидеме да ја анулираме негативата од два гола. Мехмет Топал останува во нашата ротација, иако му се случија грешки вечерва. Губиме од грешки на нашите фудбалери и тоа мора под итно да се корегира“, изјави по мечот Кочаман.
Реваншот е за 7 дена во Истанбул.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трагедијата во Кочани ја отвори „пандорината кутија“ за индивидуалната, но и колективната одговорност
-
Заглавени возила кај Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп