Кочанчани на протест заради депонирање на отпад од соседните општини
Кочанчани на масовен протест, поради непочитување на одлуката на Советот на општината, со која советниците едногласно одлучија да не се депонира смет на градската депонија од Виница, Зрновци и Чешиново – Облешево. Стравуваат дека повторно Кочани ќе биде обвиткан со густ чад од запалениот отпад на депонијата, која иако подобро уредена, се уште не може да го прими сметот од соседните општини.
- Нашите локални институции немаат капацитет да го примаат соседното ѓубре, кое не влегува со мал процент. Имам сознанија дека некаде од 30 до 40% влегува во вкупно депонираниот смет, изјави Благица Сабовљевик, еко активист од Кочани
- Факт е дека после протестите полесно се дише, факт е дека со 50 % пмалку ѓубре, ќе имаме 50% помалку метан и 50% помалку здравствени проблеми, изјави жител на Кочани
Обвинуваат дека нивните барања само делумно се исполнети, односно, дека нем жа функционална стражарска служба на депонијата, камерите не го покриваат целиот простор, а не е ниту оградена.
- Ние чекаме резултати, тие само фиктивно ни кажуваат дека ги решаваат проблемите, а ние сакаме дела, изјави жител на Кочани
Од Граѓаскиот одбор против загадувањето од депонијата најавија нов протест за идниот понеделник со двочасовна блокада на главната крстосница во градот.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар