Кочубовски: Водата во Дојранското Езеро е со одличен квалитет

Водата во Дојранското Езеро е со одличен квалитет, согласно категоризацијата предвидена со ЕУ директивата, изјави денеска во Дојран, Михајло Кочубовски од Институтот за јавно здравје на Република Македонија.
Тој информира дека во Службен весник е објавен новиот правилник кој е хармонизиран со европската регулатива.
Од Институтот за јавно здравје, посочи, земени се нови мостри, а резултатите треба да бидат готови до понеделник. Кочубовски рече дека само еден ентероколит е регистриран во последните шест месеци, што според него, е доказ за исправноста на водата.
- Ќе продолжиме со мониторингот. Како здравствен сектор немаме информација за цревни заразни болести по потекло од водата. Имаме еден ентероколит во период од шест месеци. Ако имаше некои здравствени проблеми тоа ќе го регистиравме во амбулантата која работи, додаде Кочубовски.
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
