Коцијанчич: ЕУ нема двојни стандарди, но Косово е единствен случај

Портпаролката на Европската Унија Маја Коцијанчич ги отфрли обвинувањата на Белград дека за Каталонија, односно Шпанија, важат други стандарди од оние кои важеа за Србија во случајот со Косово и истакна дека меѓународното право е универзално и дека ЕУ „во целост го почитува“.
Коцијанчич по повод вчерашниот став на Европската Комисија дека случаите на Косово и Каталонија се неспоредливи, во изјава за Танјуг истакна дека во ЕУ не постојат двојни стандарди.
- Косово е единствен случај. Како што потврди и Европскиот Совет, тој како таков не може да се спореди со која било друга ситуација. Нема двојни стандарди. Меѓународното право мора да биде универзално применето, а ЕУ во целост го почитува, се наведува во писмениот одговор на Коцијанчич за Танјуг.
Српскиот претседателот Александар Вучиќ, вчера оцени дека ставот на Европската комисија оти референдумот за независност на Каталонија е нелегален, е најдобар пример за двојните стандарди и лицемерито на светската политика.
- Како тоа во Каталонија не важи референдумот, а Косово може и без референдум, праша Вучиќ на заедничката прес-конференција со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. - Си играа со судбините на државите кога ги прекројуваа границите на Балканот, а денес не им е до игра, кога мечката тропна на нивна врата. Сега ситуацијата е многу сериозна, истакна Вучиќ.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
