Македонија
2. April 2024 - 19:42

Кодексот за фер и демократски избори остана без еден потпис

Дојдоа сите, срдечно се поздравија, на крајот и заеднички насмеани се фотографираа. Сепак кодексот за фер и демократски претседателски избори остана без еден потпис од 7те кандидати за шеф на државата.

Документот што треба да е гаранција за мирен и законски изборен процес, не го потпиша Стевчо Јакимовски. И покрај тоа што ставија свој потпис критики уште пред почетокот на кампањата дадоа и Ванковска, Силјановска, Таравари и Максим Димитриевски.

Уверени во позитивна кампања се само Пендаровски и Бујар Османи.

Кампањата за претседателските избори почнува во четврток. 

Вчерва на полноќ истекува и рокот за поднесување на листи за пратеници за парламентарните избори. До сега листи поднесоа коалицијата на СДСМ, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Родина Македонија.