Здравје
6. May 2016 - 16:52

Кога е здравјето во прашање водата не ја пиеме на прав начин

Ако во Кина посакате да се напиете чаша студена вода веројатно ќе наидете на лавина критики.
 
Кога е здравјето во прашање, традиционалната медицина во Кина промовира „хармонија“ и се верува дека кога пиеме студена вода го исфрламе телото од рамнотежа затоа што му ја намалуваме оптималната работна температура.
 
-Студената  вода ја забавува, па дури и ја мрзне циркулацијата на крвта и го намалува работењето на органите – тврди Лаи Линг, регистриран доктор по традиционална кинеска медицина.
 
Секако, ако не сте традиционалист, постои и историско објаснување, кое оде во прилог на ова тврдење. Превривање на водата го намалувало ризикот од добивање на паразитите и другите болести по Ослободителната војна во Кина во 1949 година.
 
Затоа, следниот пат кога ќе посегнете по  чаша вода гледајте да биде топла затоа што милијарди луѓе во Кина знаат дека тоа е вистинскиот избор