Живот
5. November 2017 - 14:31

Кога го видела ултразвукот на своето бебе доживеала шок: Пријателите ја молат да абортира

Кога идните мајки одат на ултразвук за да видат какво дете ќе родат, повеќето се весели и сликата од ултразвукот ја покажуваат на сите.

Бремените се радуваат на изгледот на своето дете, споредуваат на кого има нос и на кого најмногу личи. Но во таква ситуација не се најде бреметната Шарни Тарнер која беше изненадена од сликата на бебето од ултразвукот. Имено, главата на детето изгледа како мртовечки цереп па мајката одлучи фотографијата да ја сподели на Твитер.

„Техничарот на ултразвукот одлучи да направи снимка од лицето на бебето од предната страна и тоа е најстрашната работа што сум ја видела во животот, напиша таа на Твитер.

Мајката секако се шегуваше, но меѓу бројните коментари се најдоа и оние негативните кои и советуваа да абортира. Таа на таквите невкусни коментари не се обѕрнуваше, туку само објасни дека така изледа човечкиот череп на снимките од ултразвукот.