Живот
2. October 2018 - 13:23

Кога луѓето ќе го преживеат бесот на природата: Ужасни снимки од цунами кои носат се пред себе и оставаат пустош и жртви

Индонезија ја погоди силен земјотрес, а потоа и застрашувачко цунами, кој го опустоши островот Сулавези. Настрадаа повеќе од 830 луѓе, а се стравува дека бројката не е конечна.

Бранови високи шест метри ги срамнија со земја градовите Палу и Донгалу.

За жал, ова не е најлошото цунами кое се случило во поновата историја.

Цунамите најчесто ги предизвикуваат земјотреси под површината на морето, но предизвикувачи може да бидат и свлечишта, метерои или вулкански ерупции.

Цунамите никогаш не доаѓаат во еден бран, туку во серија, а водата може да се движи со брзина од дури 1.000 километри на час.

Третото најсилно цунами погоди дури 3 земји истовремено, Португалија, Мароко и Шпанија. Се случило во 1755 година, а настрадале 60.000 луѓе.

Второто најјако цунами го опустоши источниот брег на Јапонија на 11 март 2011 годинам кога загинаа над 18.000 луѓе. Брановите биле со висина од 10 метри. Цунамито е предизвикано од земјотрес од 9 степни по Рихтер.

Како последица следеше и нуклеарната катастрофа во Фукошима.

Најсилното цунами ја погоди Индонезија во декември 2004 година, откако на длабочина од 30 километри се случи земјотрес со јачина од 9,1 степен по Рихтер.

Инцијалниот, најголем бран беше со висина од 50 метри. Настрадаа повеќе од 230.000 луѓе.