Фудбал
18. July 2022 - 16:06

Кои се можните противници на Шкендија и Македонија ЃП во 3. коло

УЕФА ги одреди двојките за третото квалификациско коло во Конференциската лига. Од македонските тимови во ждрепката учествуваа Шкендија и Македонија ЃП.
 
Добивај вести на вибер
Шкендија доколку ја мине Валмерија во втората рунда, во третата ќе игра против АИК Стокхолм или Ворксла Полтава.
 
Македонија ЃП во второто коло ја очекува двомеч со ЦСКА Софија. Доколку го поминат бугарскиот тим, фудбалерите на Македонија ЃП, во третото коло ќе играат против Сент патрик или Мура.
 
Натпреварите од третата квалификациска рунда ќе се играат на 4 и 11 август.