-->
-->
Кој е најдобар во Европа?!
-->
Европската фудбалска унија (УЕФА) ја соопшти скратената листа, на која има десет имиња, кои конкурираат за најдобар играч во Европа, за минатата сезона.
УЕФА за три недели ќе објави кој е најдобриот фудбалер во Европа за изминатата сезона, откако листата ја скрати на десет имиња. Во гласањето учествувале по еден новинар од секоја од 55-те земји членки на УЕФА.
Се гласало принципот пет бодови за првиот, четири за вториот, три за третиот, два за четвртиот и еден бод за петтиот.
Вкупно 37 фудбалери добиле гласови, а меѓу десетте најдобри не успеале да влезат Ибрахимовиќ, Нејмар, Азар, Левандовски, Погба, Марез, Варди, Иниеста.
УЕФА најдобриот играч во Европа ќе го избира меѓу овие десет кандидати: Каристијано Роналдо (Реал, Португалија), Антоан Гризман (Атлетико, Франција), Герет Бејл (реал, Велс), Џанлуиџи Буфој (Јувентус, Италија), Лионел Меси (Барселона, Аргентина), Тони Крос (Реал, Германија), Мануел Нојер (Баерн, Германија), Томас Милер (Баерн, Германија), Пепе (Реал, Португалија) и Луис Суарез (Барселона, Уругвај).
УЕФА наградата за најдобар играч во Европа ја доделува од 2011 година, а прв лауреат е Лионел Меси кој оваа награда ја доби и минатата година. Освојувачи на наградата биле уште и Андрес Иниеста, Франк Рибери и Кристијано Роналдо.
Најдобриот фудбалер во Европа ќе биде прогласен на 5. август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва