Loading Video...
Свет
6. March 2026 - 21:07

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?

Цената на нафтата надмина 93 долари за барел на берзите и нејзината вредност се качи за цели 5 долари во само четири часа. 

Блокирањето на Ормутскиот теснец стопираше извоз на една петина од вкупната светска побарувачка на нафта и течен гас. Но зошто токму овој теснец е толку важен за глобалната економија?

Теснецот се наоѓа помеѓу Оман и Иран и го поврзува Персискиот Залив со целиот свет. Во најтесната точка е широк 33 километри, а бродската линија е само 3 километри во двата правци. Иако тој официјално не е затворен, Иран, во чии меѓународни води се наоѓа теснецот се заканува дека ќе ги нападне бродовите кои се обидуваат да влезат или излезат од Персискиот залив. 

- Тоа е критична точка во водниот пат бидејќи голем дел од светската енергија, без разлика дали е нафта, нафтени производи, течен природен гас, поминува низ таа точка на задушување, која, повторно, знаете, го поттикнува животот, претпоставувам, во Азија и остатокот од светот. Значи, од гледна точка на суровата нафта, околу 20% од светската нафта тече низ таму секојдневно, вели аналитичарот во КПЛЕР Навин Дас.

Најголем дел од ударот го понесуваат државите од Азија. Јавно достапните податоци велат дека најголем дел од енергенсите од Ормутскиот теснец се наменети за азискиот пазар. Дури 89% од нафтата и 83% од течниот гас се наменети за Азија.

Токму ова е причина зошто Пекинг бара итен прекин на огнот.

Ормутскиот теснец и неговите соседни води се важен меѓународен коридор за трговија со стоки и енергија. Одржувањето на безбедноста и стабилноста во овој регион им служи на заедничките интереси на меѓународната заедница. Кина ги повикува сите страни веднаш да ги прекинат воените дејствија, да спречат понатамошна ескалација на тензиите и да избегнат поголемо влијание врз глобалниот економски развој предизвикано од регионалните турбуленции, вели кинеската министерка за надворешни работи.

Иранската криза сега отвора пат за Русија да ја пополни светската побарувачка.

Забележуваме значително зголемување на побарувачката за руски енергетски ресурси во врска со војната во Иран. Русија беше и останува сигурен снабдувач и на нафта и на гас - вклучувајќи гас преку цевководи и течен природен гас. Таа, исто така, останува способна да гарантира континуитет на сите испораки за кои се склучени договори, вели портапролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Оваа изјава на Песков доаѓа откако САД ѝ дозволи на Индија во наредните 30 дена да купува руски енергенси.