Свет
23. November 2015 - 8:25

Кокаин вреден милион евра, уапсени двајца Албанци во Италија

Италијанската полиција уапсила двајца албански државјани на возраст од 23 односно 26 години,откако кај нив биле пронајдеи 1,6 килограми кокаин со висок квалитети и чистота, кој на пазарот чини над милион евра.

Нарко дилерите биле уапсени во италијанскиот град Римини во чиј стан полицијата ја пронашла дрогата скриена во простор каде чувале обувки.

Според полицијата, Албанците биле главни снабдувачи на корисници на овој вид дрога во поширокиот регион на Римини. Во акцијата се запленети и апарати за мерење и пакување на кокаинот.

Италијанската полиција иформира дека истрагата продолжува со цел откривање на соработниците на двајцата Албанци во снабдувањето и дилањето на дрогата.