Како што јавува украинската агенција Униан, земеник началникот на полициските служби на Украина Алексеј Билошицки изјави дека состојбата во сообраќајот е комплицирана поради временските услови.
„Во овој момент се активни сите служби за санирање на последиците. Формиран е посебен оперативен штаб кој управува и ги надледува сите служби, вклучувајќи ја и полицијата, патните служби и Службата за вонредни ситуации“, рече Билошицки.
Напомена дека полицијата ги предупреди граѓаните да внимаваат на техничката исправност на возилата и летните гуми да ги земенат со зимски.
„Забележуваме голем број сообраќајни несреќи поради моменталната ситуација. Моментално се регистрирани околу 300 судари во Киев, почнувајќи од утрово, а тоа е прилично голем број“, рече тој.
Агенцијата наведува дека снегот почна да паѓа утрово и дека во Киев за чистењето на снегот се ангажирани околу 350 тимови.