Loading Video...
Македонија
5. January 2025 - 16:37

Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?

Влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната , со слободно движење, без контроли на граничните премини, ќе им донесе низа продобивки на жителите од Истокот на Европската Унија, но и од регионот.. Но, македонската економија може да претрпи сериозни штети пред претстојната летна сезона. Граѓаните од соседна Србија на социјалните мрежи веќе прашуваат – дали е пократок патот преку Бугарија до Грција,  колку се вози, колку ќе ги чини, има ли радари и колку е толарантна полицијата. Наважното, што го спомнуваат е дека ќе имаат една граница помалку, а тие од ЕУ воопшто нема да чекаат на граници.

Од Белград до Солун, преку Софија , патот се подолг  30 километри, но автопатот е подобар, нема патарини, - се купува вињетка на влезот, ограничувачка брзина е 140 километри на час, нема радари,   не треба зелен картон, а полицијата  е пофлекисбилна, коментираат србите. Сепак, ако се патува до Халкидики,  односно Неа Мудања преку Македонија  е 40 километри пократко или до Паралија 80 километри. Како да се задржат србите да трензитираат низ Македонија – директорот на Државни патишта  вели дека има план.

Во секој случај македоснкаат економиај ќе трпи загуби, но ќе направиме се, тие да се помали. Работиме со еден таг да се поминува и во Македонија и во Грциај, однано да важат  во 3 земји. Исто така, таговите да можат да се надополнуваат со платежните картички, за да не застануваат граѓаните да  ги надополнуваат, да губат време и така натака, изјави Коце Трајановски, директор на ЈПДП.

Ланската, 2024 та  годината  имало рекордна наплата на патарини. Во државната каса се инкасирале 66,5 милиони евра, што е за 4,32 милиони евра повеќе од 2023 та. На патарините поминале речиси 63 милиони возила. За да нема застој, Трајановски најавува проширување на капацитетите на дел од наплатните станици

Од влезот во Македонија до излезот од Гевгелија до Грција има 7 наплатни станици. Вкупно чинат 9 евра, или 460 денери. Покрај од патарини, бенефит за земјата од граѓаните кои транзитираат  се и пазарењето низ маркети, купувањето гориво, ручек во угостителски објекти. Единствена придобивка за македонските граѓани, ако останатите транзитираат низ Бугарија, е што ќе се избегнат гужвите за влез во Грција.