Колку кубанските вакцини се навистина ефикасни

Од рак на белите дробови, најсмртоносниот и најчест малиген облик на тумор, во светот секоја минута животот го губат две лица, дневно 3.000, а годишно милион луѓе. Затоа не чуди што болните и нивните семејства секогаш обрнуваат големо внимание на нов лек кој може да помогне и да ги олесни маките. А дека лек постои, тврдат научниците од кубанската медицина. Во прашање е вакцината cimaveks EFG. Сепак, нашите лекари се внимателни и сметаат дека не постојат доволно студии кои би ја потврдиле веродостојноста на вакцината.
Со тоа дека 25 години работа на кубанските експерти е долг период, а дека со истражувањето се стигнало до пола, директорот на Клиниката за медицинска онкологија при Институтот за онкологија и радиологија на Србија, др. по медицина и науки и научен соработник на оваа институција Даворин Радосављевиќ вели: - Според до сега малиот број на достапни податоци од кубанските извори, бидејќи искуства од лечените во стручните документи не постојат, вакцината cimavaks EFG делува на епидерманлниот фактор за раст, за кој се знае дека е биолошки покренувач на рак на белите дробови. Секако, тоа е само еден од факторите кои ја покренуваат болеста, што значи дека дури и ако се потврди дека делува, тоа нема да биде решение кај сите пациенти. Суштината е дека иако вакцината cimavaks EFG не создава имунитет на оваа болест, туку го стимулира имунолошкиот систем да се бори против растот на малигните клетки и нивно понатамошно напредување.
За кого е наменета вакцината?
- На заболените во подоцнежниот трет Б и четврти стадиум на болеста, кои поминале хемотерапија.
Таа за жал не може да го прекине текот на болеста, но може кај пациент со успешно лечење со хемотерапија да ја одржи болеста во таа состојба и да не дозволи и понатаму да напредува. Со оглед на фактот дека ракот на белите дробови, ако не се открие на време, исклучително брзо се развива, се шири и краткорочно има лоша прогноза, секое продолжување на животот и квалитетот на животот е исклучително важно.
Кубанските експерти тврдат дека со cimavaks EFG животот на болните може да се продолжи и до 5 години?
- Како лекар со повеќедецениска пракса, не верувам во тоа. Можеби се работи за спорадични случаи, но поединечните искуства, ако постојат, не можат да се земат како параметри во лечењето. Ако се знае дека со постоечката терапија, животот на болниот може просечно да се продолжи кај немикроцелуларниот облик најмногу до една година, а кај микроцелуларниот, кој е многу повеќе злоќуден, од 8 до 10 месеци, тогаш секој напредок во таа смисла е успех. За некој да тврди дека со cimavaks EFG животот на болниот се продолжува за година и подолго, мора да приложи сериозни паралелни истражувања во светските престижни научни центри на Европа и Америка. Тоа за сега го нема, а колку што знам истражувањата за исклучително важната трета и четврта фаза се отстапени на американскиот Институт Розвел Парк.
Сепак, се најавува дека оваа вакцина во септември ќе стигне во Србија?
- За да влезе вакцината во терапија за нашите пациенти, мора прво да се регистрира. Неопходно е нејзината валидност да ја потврди нашата Агенција за лекови и медицински средства, секако со обемна стручна документација. Меѓутоа, за да се воведе вакцината во терапија мора да се најде не листа на Републичкиот завод за здравствено осигурување. Во спротивно, јас не знам како би се применувала во здравствениот систем на Србија.
Дали лично сте скептични кога станува збор за нејзината примена?
- Повеќе внимателен. Скептичен не сум, бидејќи според сознанијата кои ги имам, вакцината добро се поднесува и нема контраиндикации. Едноставно се дава, во двете рамена и двата колкови. Се прима во неколку дози во одредени временски интервали, со консултација со лекар. Ако се утврди дека вакцината е успешна, нејзината примена може да се прошири и на некои други видови на тумори – заклучува др. Радосављевиќ.
Со напомена дека за cimavaks EFG вакцината веќе на големо се зборува во последните пет години, а во последните две стана вистински хит, сличен став изнесе и проф. др. Бранислав Перин, директор на Институтот за болести на градниот кош во Сремска Каменица.
- Според она што се знае, cimavaks EFG делува на одредени рецептори кои се наоѓаат на површината на туморските клетки во случај на рак на белите дробови. Меѓутоа, проблем е што секој рак на белите дробови не според се идентичен, т.е. факторите кои доведуваат до негова појава не се исти, па во однос на тоа и делувањето на оваа вакцина е знак прашалник. Нашиот имунолошки систем е во состојба да препознае туморска клетка, но тоа не е доволно, бидејќи туморозната клетка лачи одредени супстанции да не биде откриена. Значи, знаеме зошто доаѓа до спречување на имунилошки одговор, но не знаеме што е тоа што го лачи малигната клетка. За некои фактори знаеме, а некои се целосно непознати. На тие познати фактори, cimavaks EFG очигледно и делува. Таа е тука да овозможи на имунолошкиот систем да ја препознае малигната клетка.
Под претпоставка даке cimavaks EFG е делотворна?
- За тоа може да се зборува дури откако ќе ги помине тие обавезни фази на проверка. Вакцината треба да се употреби заедно со веќе достапната терапија и тоа да се направи во големи контролирани студии со над 1.000 пациенти во повеќе светски центри. Нема податоци дека до сега такво нешто е направено, а Кубанците уште пред четири години престанаа да објавуваат вакви резултати.
Дијабетско стопало
Heberprot-P вакцината, која според тезите на кубанските експерти успешно спречува иден процес на ширење на дијабетско стопало, исто така предизвика големо внимание во јавноста. Тоа не чуди, со оглед на тоа дека тоа е една од најтешките компликации на дијабетис, а бројот на заболените рапидно расте. На стопалото и на прстите се отвараат хронични рани, кои не зараснуваат туку главно се шират и на крајот доведуваат до ампутација на ногата.
Делувањето на вакцината, која се уште, вистина не е внесена во клинички испитувања, го објаснува нашиот признат ендокринолог кој долги години се бави со дијабетис.
- Врз основа на досегашните сознанија, вакцината делува на група фактори на растот, кој поттикнуваат развој на клетките и поткожното ткиво и така доведуваат до побрзо зараснување и заздравување на раната. За сега, во лечењето се користат само силни антибиотици, но дефекти остануваат и претставуваат основ за ампутација. Природата за настанокот на дијабетско стопало е сложена, бидејќи прво се јавува невропатија, кога пациентот губи чувствителност на бол и допир. Тоа е затоа што нервните завршетоци се оштетени. Пациентот тоа го забележува најчесто по тоа што не рагира на тесни чевли и мали повреди. Со време доаѓа до појава на рани, а тоа е поволен терен за развој на бактерии, кои многу брзо се шират и предизвикуваат инфекција. Делувањето на лековите е отежнато и трае со недели, бидејќи на делот кој е зафатен со промени многу тешко се приоѓа, па некогаш нема друго решение освен хируршко. Кога со некој лек би се делувало на факторите за развој, како што е случај со таа вакцина, тогаш лечењето секако би било поуспешно. Но, за тоа конечен збор треба да даде Агенцијата за лекови и медицински средства.
Ново на Сител
-

Младите и социјалните мрежи
-

Преглед на вестите од светот
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
