Колона од транспортери низ центарот на Скопје
Организирана колона од камиони, автобуси, комбиња со вклучени сирени попладнево се движи низ центарот Скопје. На тој начин транспортерите организирани од асоцијацијата Макам-транс израззија протест за покачената акциза на горивата и побараат поддршка за транспортниот сектор кој е меѓу најпогодените со здравствено економската криза предизвиката од коронавирусот.
Тие бараат да се укине Уредбата за зголемување на акцизата на горивата за три денари и да се воведе прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности.
Протестот се одвива согласно сите мерки за безбедност кои се во сила заради пандемијата коронавирусот поради којашто се намали обемот на работа и во патничкиот и во товарниот превоз.
Протестот на на Макам-транс не го поддржа СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, чии членки, како соопштија оттаму во најголем дел оцениле дека тоа нема да помогне за излез од економската криза поради коронавирусот. Тие пак бараат подетално образложение на ефектите од владината мерка во јавноста, на транспарентен начин, но и гаранции за намената на собраните средства и нивна распределба онаму каде што е потребно, не изоставувајќи го товарниот транспортот, но и патничкиот превоз, кој бележи 100 проценти пад од почетокот на пандемијата.
Ново на Сител
-
Блумберг: Путин поставува максималистички барања до Украина и е подготвен да продолжи со војната
-
Зеленски: САД треба да ја убедат Русија да го прифати прекинот на огнот
-
Божиновска: Чешка е подготвена да поддржи инвестиции во македонската енергетика
-
Тетовчанец приведен за подметнување на пожар
-
Макрон: Франција истовремено треба да се бори со геополитичките и терористичките закани
-
Tешко повреден мотоциклист откако се судрил со автобус
-
Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут
-
Едно лице повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец