Македонија
27. February 2018 - 12:46

Коловозите влажни, можни одрони кај клисурите

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На некои места има остатоци од кашест снег, а на одредени патни правци кои минуват низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. 

Воедно информира дека уште се на сила забраните за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци крак Маврово - Дебар, Дебар - Струга и Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража.