Командна одговорност за случувањата во Собранието на РМ бара полицискиот синдикат

Командна одговорност и правична и поединечна истрага побара денеска на прес-конференција претседателот на Македонскиот полициски синдикат Ацо Антовски за најновите суспендирања на полициските службеници во врска со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија.
-Апелираме до Министерството за внатрешни работи своите надлежности да ги извршува темелно и правично во согласност со законските одредби, притоа внимавајќи на сите поединечни карактеристики на секој случај одделно, особено дали поединечни колеги кои биле сами или во мал број биле во состојба квалитетно да делуваат, притоа недобивајќи соодветни инструкции за ваков специфичен настан. Бараме МВР да не ја занемари командната одговорност која е круцијална во овие ситуации, истакна Антовски.
Од МПС апелираат МВР да води сметка за потребата од мерка суспензија од работно место со цел за ненарушување на социјалната положба на вработените и дека сметаат дека во најголем дел таа е непотребна и не го постигнува ефектот.
Антовски нагласи дека МПС во овој случај целосно ќе застане зад своите членови обезбедувајќи им бесплатна правна помош во целокупниот тек на постапката против истите. Досега според него суспендирани се 15 полицајци.
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
