Комеморативно-културна манифестација во Шибеник во чест на жртвите од пожарот во Кочани
Комеморативно-културна манифестација во чест на жртвите од пожарот во Кочани ќе се одржи вечерва во Шибеник, во организација на Хрватско-македонска тангента.
По повод Светскиот ден на поезијата 21 март, Хрватско-македонската тангента организира специјална вечер посветена на моќта на зборовите и споменот на оние кои повеќе не се меѓу нас.
-Годинава со писма и поетски интерпретации ќе им оддадеме почит на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката во градот Кочани, настан кој ја зави Македонија во црно. Во време кога се сеќаваме на трагедијата што погоди толку многу семејства, сакаме да изразиме солидарност, сочувство и вечен спомен на младите животи изгубени преку уметноста. Поезијата не учи како да ја пронајдеме убавината низ тагата и како зборовите можат да изградат мост меѓу болката и надежта, велат од Хрватско-македонска тангента.
Настанот ќе се одржи во Прес центарот во Шибеник, а покровител е Советот за национални малцинства на Република Хрватска.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март животот го загубија 59 лица, а околу 200 беа повредени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари