Комисијата за финансирање и буџет расправа за Предлог Буџетот за 2017 година

Во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет и денеска продолжи расправата по Предлог буџетот на Република Македонија за 2017 година.
Според предлог вкупните приходи се планирани на ниво од 187,6 милијарди денари што е за 7,6 отсто повеќе во однос на 2016 година. Вкупните расходи се на ниво од 206,22 милијарди денари или за 4,5 проценти повеќе во однос на годинава. Буџетскиот дефицит е предвиден да изнесува 3 проценти од БДП, односно 18,6 милијарди денари.
Капиталните инвестиции се планирани на 26,95 милијарди денари.
Буџетот е работен врз основа на проекција за раст на економијата од 3 проценти, а инфлацијата да остане на ниво од 1 отсто.
Предлогот пред членовите во средата, кога и почна расправата, го образложи министерот за финансии Кирил Миновски кој рече дека расправата во Собранието почнува во едни специфични политички околности. - Поставувањето на економски цели и насоки за следната година е потребно за непречено одржување на економска стабилност и покрај политичките случувања во земјава, што е и препорака на реномираните меѓународни финансиски институции, рече Миноски.
Предлог-буџетот за 2017 година, како што посочи министерот во образложението, се базира на три основни постулати а тоа се развој, кој базира на високиот износ на капитални инвестиции, социјална заштита на најранливите категории граѓани и етапно намалување на буџетскито дефицит за да се постигне фискална консолидација на среден рок.
Според него главениот приоритет на буџетот е поддршка на приватниот сектор, бидејќи како што рече е клучен за економскиот развој на земјата и е единствен кој може да креира нова вредност.
Расправата по Предлог - буџетот за 2017 година во Комисијата според Деловникот треба да заврши за 10 дена од денот на нејзиниот почеток.
Ново на Сител
-

Светските лидери го осудија вооружениот инцидент во Вашингтон
-

Уапсен возач кој во Кичево удрил 60-годишен пешак и го повредил
-

Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи, на места пороен дожд со грмежи и пониска темепература
-

Путин им се заблагодари на севернокорејските војници за помошта при ослободување на Курската област
-

Николоски: ЕУ помага за изградба на коридорите, Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме
-

Арагчи повторно ќе го посети Пакистан
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
